Skip Navigation LinksПочетна > Дом и семејство > Уредување на домот
Bookmark and Share


Идеи за заштеда на енергија
Заштеда на енергијата се прави за да заштедиме на трошоците. Со неколку ефективни идеи економичноста на енергијата ќе се претвори во начин на живот.
Околу половина електрична енергија во вашиот дома се троши за греење или ладење. Другата половина - за потрошувачките потреби во домаќинството. Јасно е дека не можете да ја изоставите употребата на електрични уреди во своето секојдневие, но имајте разумни и ефикасни начини со кои ќе го запрете прекумерното трошење.
 

 
 
 
Основни идеи за заштеда на енергијата
Бојлерот - намалете ги вообичаените 60 степени до 50 целзиусови степени. На секој 10 степени пониско правите од 3 до 5% заштеда на енергија.
Компјутерот - поставете го да се вклучува "Sleep mode" на секои 30 до 60 минути некористење, а мониторот при 10 до 20 минути некористење. Повеќето компјутери на помалку од 5 години трошат околу 95% помалку енергија во “Sleep mode", отколку кога се вклучени.
Електроника - Исклучете ги од штекер техничките уреди (како телевизорот и полначите за мобилни телефони), кога не ги користите. Stand by - опцијата одзема помеѓу 5 и 10% енергија.
Електрични светилки - користете штедливи светилки. Тие светат со иста јачина како и обичните, но трошат многу помалку струја и функционираат подолго време. Но имајте на ум дека колку повеќе ги вклучувате и исклучувате, толку повеќе го намалувате нивниот век.
Ладилникот - не смее да биде во близина на грејни уреди или до шпоретот. Во случај да во просторијата е ладно и има добра вентилација, можете да го поставите на најниска мера.
Шпорет - користете го само кога ќе готвите. Во други случаи (кога подгревате храна) користете ја микробрановата печка - таа троши само 1/3 од енергијата на шпоретот. Користете сад со големина на ринглата. Во случај да готвите во рерната, избегнувајте да ја отворате често, бидејќи се губи од топлината.
 


  Еве неколку совети:
  • Сечете ја храната на парчиња за да се свари побрзо, и варете со затворен поклопец.
  • За варење кафе, чај, какао, подгревање млеко користете плин.
  • Приклучете го осветлувањето само кога ви е потребно, и не заборавајте да го исклучите кога излегувате од дома.
  • Машината за перење употребувајте ја само кога е наполнета во целост. Истото важи и за машината за садови.
  • На мобилниот телефон му се потребни неколку часа за да се наполни, а не цела вечер.
  • Бојлерот вклучувајте го само кога ќе ви биде потребна топла вода.
  • Не го оставајте фрижидерот отворен, потребно е време за повторно да се излади.




Коментари
Име


Коментар

Прати


 
Анкета

Поради што би раскинале со партнерот?