Skip Navigation LinksПочетна > Здравје > Здрав живот
Bookmark and Share


ЛЕКУВАЊЕ НА ЦИН
Лечењето на ЦИН предизвикан од ХПВ  со медикаменти за сега не ги даде очекуваните резултати, па во главно ни преостануваат хируршките методи на лечење, било да се работи за локално деструктивни или ексцизиски (со кои се одстранува дел од цервикс) техники кои можат да се спроведуваат амбулантски или во болнички услови. Целта на лечење е во целост да се отстрани или уништи атипичниот епител на грлото на матката.


Во 60-тите години од минатиот век најпопуларна метода за лечење на ЦИН беше конизација со скалпел. Покасно во 70-тите, лекарите практичари предност дадоа на локално-деструктивните методи(криотерапија и електрокаутеризација). Од 1980 год. силно се прошири примената на ласер во лекувањето на ЦИН. Во 1990 год. Се прифати методата на отстранување на промените на цервикс со нисковолтажна дијатермиска омча (петелка) која денес е многу раширена во светот.
Лечењето на ЦИН со локално деструктивни методи значи потполно уништување на променетиот епител. Проблемот е во тоа што не можеме да бидеме сигурни дали абнормалниот епител е целосно уништен. затоа што немаме патохистолошка дијаноза.
Овие методи смеат да се употребат само ако се исполнети следниве услови:
  • промените се ЦИН1 И ЦИН2 И се патохистолошки докажани.
  • промената е мала.
  • површината на промената е мазна.
  • промената се наоѓа само надвор од цервикален канал.
  • целата сквамоколумна граница е колпоскопски видлива.
Атипичното ткиво со овие методи во целост се уништува така да нема можност за патохистолошка потврда на состојбата.
Од локално-деструктивни методи за лечење на ЦИН  денес се достапни:
      -    криотерапија, ласерска вапоризација, ладна коагулација и радикална дијатермија.
Криотерапијата се употребува од 1968 год. Ладењето на ткивото е со течен азот на температура од -180 степени целзиусови, со специјална сонда која ја  покрива целата промена при што настанува замрзнување и уништување на промената. Зафатот се изведува амбулантски и обично не е потребна аналгезија. Процентот на излекување  просечно е 84%.

       Ласерот може да се употреби на два начина:

1-како ЦО2 ласер вапоризација и
2-како ЦО2 ласерска конизација.

1-Енергијата на ласерскиот зрак се апсорбира од течноста која е во самите клетки и околу нив, а вапоризацијата на ткивото се постигнува со коагулациониот ефект.
Зафатот добро се поднесува во локална аналгезија и се работи под директна колпоскопска контрола. Ласерот овозможува максимална точност во уништување на ткивото (пример на зракот е од 0.5 до 2мм) и има можност да се одреди саканата длабочина на уништување на ткивото, обично од 8 до 10 мм. Заздравувањето е брзо со потполна епителизација на цервикс за три недели. Процентот на излекување просечно изнесува 92% со ниска стопа на компликации (крварење, стеноза на цервикален канал и инфекции) од само 4%.
2-Со ЦО2 ласерска конизација се отстранува дел од грло на матка во вид на конус кој се испраќа за патохистолошка анализа, што е и предноста на оваа, а и другите ексцизиони методи. Компликациите процентуално не се разликуваат многу од ласерската вапоризација. Заздравувањето е брзо, а сквамоколумната граница е добро видлива на контролните колпоскопски прегледи.


Хируршки зафат во кој со скалпел се одстранува дел од грлото на матката, изведувал Лисфранк  уште во 1815 год. Термините конизација и конусна биопсија се користат како синоним за хируршки зафати со различен опсег, од стандардна конусна биопсија до ампутација на врат на матка во вид на голем конус.
Во лечењето на ЦИН со конизација се настојува да се постави точна дијагноза со патохистолошка обработка на отстранетото ткиво и истовремено лекување. Со конизацијата би требало да се отстрани променетиот епител во целост и барем една третина од цервикалниот канал. Зафатот се изведува во операциона сала во соодветна анестезија а ткивото се испраќа за хистопатолошка анализа. Како компликации може да се јават- крварење(6%), цервикална стеноза(17%), неплодност(4%), компликации во бременост(1%) и ретки постоперативни инфекции.
Во 1981 год. Цертиер прв опишал  електродијатермиска ексцизија  на променетиот епител со жичана омча, која ја прифатиле и други автори и ја нарекле ЛЛЕТЗ (Ларге Лооп Еџцисион оф тхе Трансформатион Зоне). Методата набргу е прифатена и од северноамериканските автори под името ЛЕЕП (Лооп Елецктросургицал Еџцисион Процедуре). Во САД 85% од гинеколозите ја примеунваат оваа метода.
Се користи нисковолтажна монополарна високофеквентна струја која истовремено и сече и коагулира така да крварењето е минимално. Оваа метода се користи и во дијагностички и во терапевтски цели, а зафатот може да биде биопсија, ексцизија на цела трансформациона зона до опсег на конизација а добиениот материјал се испраќа за патохистолошка анализа.
Како индикации за ЛЛЕТЗ се сите степени на ЦИН докажани со биопсија со задоволителен колпоскопски наод. Контраиндикација е позитивен наод од ендоцервикална киретажа, незадоволителен колпоскопски наод, инвазивен карцином, коагулопатии, бременост, инфекции, првите три месеци по породување. Има низок процент на компликации(2-4%) а излекување се постигнува од 90% до 97%.
Кај помлади жени кои не раѓале се пристапува на хируршко лечење дури откако ќе се исцрпат сите можности за конзервативна терапија и спонтана регресија.
Без оглед која метода ќе се одбере, поради можните рецидиви потребни се задолжителни цитолошки а по потреба и колпоскопски прегледи.
Во првата постоперативна година ПАП тест се прави на 3-4 месеци. Ако во втората година наодите се уредни ПАП тест се прави на секои 6 месеци. Потоа се продолжува со редовни гинеколошки прегледи

 
 
 
Спец. Д-р. Зоран Јовановски
гинеколог – акушер
 
 




Коментари
Име


Коментар

Прати


коментатор: Наташа
коментар: Имам ЦИН 1 кој се повторува на ПАП тестовите.Треба да направам категоризација и можност на постоење ХПВ.Дали има место за загриженост и кои би биле понатамошни чекори на лекување.
коментатор: aleksandra
коментар: pozdrav, so pravenje na pap-test pred 6 godini mi otkrija CIN1 perd da ostanam bremena,ne primav nisto od lekarstva,po poroduvanjeto na PAP testot imav samo HPV virvs,znaci taka e veke 4 godini vo meguvreme jas se porodiv so uste edno dete i seuste imam
коментатор: Bube
коментар: Dali nekoj znae kade se naoga ordinacijata na d-rot? Mi treba navistina nekoj strucen ginekolog okolu HPV.
коментатор: Biljana Nastova
коментар: Dodeka ja citav statijata mozev da ve vizueliziram, nekako zaev deka ova se vasi zborovi.Duri na krajot go procitav vaseto ceneno ime.Jas sum vasiot naisplasen pacient koj sto se cuvstvuva prekrasno posle konizacijata napravena pred 1 godina i 1 mesec .
коментатор: елена
коментар: на пап тест ми излезе дека имам цин3 треба да правам биопсија со ендоцервикална киретажа а потоа најверојатно и конизација.Ме интересира дали оваа болест се лечи потполно после конизацијата или остава последици и дали може да биде малигно заболување????
коментатор: натка
коментар: Јас имам цин1,пијам биобрен таблета,дали е опасно да се забремени
коментатор: Марија
коментар: Јас сум правена конизација цин 2 хпв 16 имам 21 год сакам да ми одговорите дали во иднина ке имам проблеми и компликации во поглед на бременост дали од ова мозе да дојде до неплодност затоа што сум многу млада и сеуште немам рагано.
 
Анкета

Поради што би раскинале со партнерот?