Skip Navigation Links
Bookmark and Share


Праски – колачи
Состојки:
Тесто:
1,200 гр. брашно
6 јајца
6 филџани шеќер (за кафе)
6 филџани зелтин (за кафе)
1 пециво

 
Фил:
10 лажици шеќер (супени )
15 лажици ореви (супени)
1/2 л. млеко
1 зелена прехрамбена боја
1 црвена прехрамбена боја

Подготовка:
Тесто:
Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додаваат и останатите состојки и убаво се измесува тестото. Се прават топчиња и се печат во плех. Се оставаат малку да се оладат и се вдлабнуваат со лажиче, од рамната страна.

Фил:
Трошките од колачите се мешаат со шеќерот и оревите , потоа се додава млекото постепено и се меша убаво за да стане гудто.
Издлабените колачи се полнат со филот и се лепат по две.
Се фарбаат со боја , од едната страна со црвена а од другата со зелена боја, и се валкаат во кристал шеќер.
 
                            




Коментари
Име


Коментар

Прати


 
Анкета

Поради што би раскинале со партнерот?